РУСИНКАТА ДОБРО ЗНАЕ КАДЕ ДА „УДРИ"

Шарапова си најде ново момче – МИЛИОНЕР!

Некогашниот број 1 во светот на тенисот е во емотивна врска со Александер Гилкес...

објавено: 8 март 2018 - 21:45

Марија Шарапова се врати во светот на тенисот, но во оваа прилика, изгледа дека си најде и нов „избраник на нејзиното срце".

Руската убавица била снимена, и тоа во два наврати, со Александер Гилкес, првиот пат во јануари, а повторно пред неколку дена, во една уметничка галерија во Лос Анџелес.

Ако се знае скоро се за „убавата Маша", прашањето е кој е Александер Гилкес?
Со еден збор, милионер, благодарение на неговиот татко, славен дерматолог во САД, но и компанијата „Падл 8", која се занимава со он-лајн аукции.
Човек од американскиот па и светскиот џет-сет, кој одел на „школо" заедно со британските принцови Вилијам и Хари на Универзитетот Итон.
Пред „татиниот син", Шарапова беше во врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров, а пред тоа дури и верена со некогашната НБА ѕвезда со потекло од Словенија, Саша Вујачиќ.

 

Најново во Други спортови