ВО ЕДНА ГОЛЕМА АКЦИЈА

Шпанската полиција уапси 28 тенисери!

Од полицијата соопштија дека уапсиле дури 83. личности, од кои 28 се професионални тенисери, и тоа поради местење на мечеви на неколку различни турнири од сериите „Фјучерс" и „Челенџер", велат од Европол...

објавено: 10 јануари 2019 - 18:15

Во официјалното сопопштение се наведува дека меѓу уапсените е и еден тенисер кој лани играл на УС Опен, и дека постои сомнеж во резултатите на дури 97.мечеви.

Се било во организација на една криминална група во Ерменија. која ги поткупувале тенисерите да местат резултати, за што добивале значителни суми на пари. За да се осигураат од некои „непредвидени околности", организаторите на секој турнир имале „свои луѓе".
За време на полициската акција во Шпанија се запленети и 167.000 евра, една пушка, 50 електронски уреди, кредитни картички, пет луксузни автомобили, а во исто време се блокирани и 42. банковни сметки.

 

Најново во Други спортови