Ветеранот донесе голема радост

Шпанско „Оле“ во коридата во Валенсија - Ферер го доби маратонот против Колшрајбер (Видео)

Ветеранот Давид Ферер го доби маратон во пет сета против Филип Колшрајбер и во една од најинтересните завршници во Дејвис купот ја одведе Шпанија во полуфиналето, за првпат по 2012 година

објавено: 8 април 2018 - 19:40

Ветеранот Давид Ферер го доби маратон во пет сета против Филип Колшрајбер и во една од најинтересните завршници во Дејвис купот ја одведе Шпанија во полуфиналето, за првпат по 2012 година.

Во спектакуларен последен петти дуел на пресметката меѓу Шпанија и Германија, последното и победничко „Оле“ во коридата во Валенсија беше за домаќините. Ферер победи со 7:6, 3:6, 7:6, 4:6, 7:5 во прекрасен амбиент во Валенсија.

Претходно Рафаел Надал ги врати Шпанците во мечот со победа од 3:0 против Александер Зверев, а Ферер стави печат на полуфиналната виза.

За финале Шпанците ќе мора да го победат актуелниот шампион Франција на гостински терем додека Хрватска ги чека Американците на свој терен.

 

Најново во Други спортови