Македонската тенисерка загуби во второто коло

Сингл „стоп“ за Лина во Валенсија

Нашата претставничка во како тре носител, во втората рунда загуби од Италијанката Паолини со 2:1 во сетови

објавено: 24 ноември 2016 - 15:25

Како трет носител во сингл, Лина Ѓорческа во второто коло беше елиминирана на фјучр турнирот во Валенсија. Македонската тенисерка неочекувано беше сопрена од Италијанката Јасмин Паолини со 6:4, 3:6, 1:6.
Сепак, овој пораз за Ѓорческа не значи и крај на активностите бидејќи за некој час заедно со Галина Воскобоева од Казахстан како први фаворитни ќе настапат во конкуренција на двојки. Противнички во четвртфиналето ќе им бидат Кристина Буска и Клаудија Ферер Хосте од Шпанија.
Наградниот фонд на фјучр турнирот во Валенсија изнесува 25.000 американски долари, а победниците во двете конкуренции ќе додадат нови 40 ВТА поени.

Најново во Други спортови