ВЕЧЕРВА СЕ ОТВОРА СЕЗОНАТА НА ГРЕН СЛЕМ ТУРНИРИТЕ

Сите велат: победникот ќе биде Федерер!

Во еден часот после полноќ по наше време, стартува новото издание на отвореното првенство на Австралија во тенис.

објавено: 14 јануари 2018 - 19:30

Кај оној машки сегмент од турнирот во Мелбурн, големата „тројка" предводена од шампионот Роџер Федерер го брка големиот пехар, додека кај жените, каде ја нема Серена Вилијамс, ситуацијата е далеку покомплицирана...

Поголемиот број од тениските стручњаци, но и обложувалниците ги одредија фаворитите за првиот Грен слем турнир во сезоната.


А топ позицијата ја зазема Роџер Федерер, кој се чини дека во овој момент нема вистинска конкуренција. Пред се поради проблемите, оние здравствените кои ги имаат неговите противници.

Тука пред се, се мисли на Енди Мареј,  кого го чека пауза од најмалку половина година, и не баш доволно рехабилитираните Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, потоа и Станислас Вавринка, па дури и Кејт Нишикори. Старата гарда можеби и не е со „двете нозе" во Мелбурн, но никако нема да се предадат.
Во оној „ешалон" кој може да дојде блиску до „Федекс", јасно е, спаѓаат играчи како Григор Димитров, Доминик Тим, Александер Зверев, Марин Чилиќ, па и домаќинот Ник Киргиос. Австралија и Мелбурн ќе бидат вистинско место и одличен тест за моменталчната подготвеност и на Надал и на Ѓоковиќ.

Ја нема Сенера, тука е шансата...
Многу поголеми енигми има во оној женски дел на Австралиан Опен. Особено ако се знае дека ја нема Серена Вилијамс. Силната Американка пред неколку месеци се породи, но и покрај големата желба не стигна до посакуваната форма за овој турнир.

Слична е приказната и со Викторија Азаренка, која се бори за старателство на детето после разводот.
Па по овие отсуства, јасно е дека до пехарот би можеле да дојдат и Симона Халеп, Каролина Вознијаки, Петра Квитова, Габриња Мугуруза, Каролина Плишкова, Елина Свитолина, па дури и Венус Вилијамс, и секако Марија Шарапова, која го освои пехарот во 2008 година.

РАСПОРЕД НА ТУРНИРОТ
ПРВО КОЛО: 15-16 ЈАНУАРИ
ВТОРО КОЛО: 17-18 ЈАНУАРИ
ТРЕТО КОЛО: 19-20. ЈАНУАРИ
ЧЕТВРТО КОЛО: 21-22. ЈАНУАРИ
ЧЕТВРТФИНАЛЕ: 23-24. ЈАНУАРИ
ПОЛУФИНАЛЕ: 25-26. ЈАНУАРИ
ФИНАЛЕ: 27-28. ЈАНУАРИ

Најново во Други спортови