НАВИСТИНА ИНТЕРЕСНО, И ПОМАЛКУ НЕВЕРОЈАТНО

Србин го истетовирал Роџер на листот на ногата?!

Роџер Федерер е сметан за можеби и најдобриот тенисер на сите времиња, не само поради рекордните 20. Грен Слем титули.

објавено: 21 октомври 2018 - 10:20

Согласно со тоа има обожаватели низ целиот свет.
И дел од нив се подготвени да отидат некој „чекор понапред", а и самиот „Федекс" потврдува дека има еден од тие фанови во Србија, од каде доаѓа можеби и неговиот најголем ривал, секако покрај Рафаел Надал, а се вика Новак Ѓоковиќ.

„Доста често луѓето на рацете и на нозете ги тетовираат имињата на спортистите кои ги обожаваат, А во Србија на пример, еден од нив истетовирал 'РФ' на листот на ногата"- потврди Федерер за „Тенис ворлд", и додаде: „Во Буенос Аирес пак, едно момче ја соблече маицата пред мене, и на стомакот имаше тетоважа со мојот лик" – дополнува Роџер.

Не крие дека популарноста му годи...

"Најдобро ми е кога ќе заминам некаде каде тенисот не е така популарен, па ќе доживеам момент кога луѓето ќе ме проепознаат на улица,. Како на пример, во Етиопија, или пак во Јужна Америка, каде пред хотелот ме чекаа 150 луѓе. Тоа е навистина лудо".

Швајцарецот констатира дека почувствувал како животот му се сменил по оној Вимблдон во 2003 година, кога зачекори во светот на познатите.

Најново во Други спортови