ЖДРЕПКА ЗА АВСТРАЛИАН ОПЕН

СРБИНОТ СО МАЛКУ СРЕЌА: Ѓоковиќ ги одбегна Надал и Федерер

На враќањето на тениските терени, Србинот ќе почне со Доналд Јанг, а „големите мечеви" може да ги има дури во полуфиналето...

објавено: 11 јануари 2018 - 13:30

Повратникот во светот на тенисот, Новак Ѓоковиќ доби релативно добра ждрепка пред стартот на првиот Грен слем турнир во 2018 година.

Враќањето кон светскиот верв српскиот тенисер ќе го има по нешто полесен пат.
Односно оние дуели со својата врвна конкуренција, како што се Роџер Федерер и Рафаел Надал ќе ги има дури во полуфиналето.

Ждрепката за АО одлучи дека во првото коло Србинот ќе игра против Американецот Доналд Јанг.
Светскиот рекет број 1, Рафаел Надал за противник го доби ветеранот Естреља Бургос, а на патот му стојат противници како Леонардо Мајер, Дамир Џумхур, Џон Изнер, Марин Чилиќ.
На стартот на турнирот, Роџер Федерер ќе игра со Алјаж Беденем. Во второто коло „Федекс" најверојатно ќе го чека Германецот Штруф, а во осминафналето Милош Раонич или Сем Квер.
Во некое „потенцијално четвртфинале" Федерер би играл против Давид Гофан.

Најново во Други спортови