ВО АМЕРИКАНСКОТО ФИНАЛЕ НА УС ОПЕН

Стивенс го крена првиот голем трофеј!

Слоун Стивенс е најновата гренд слем шампионка, откако со 6:3/6:0 ја „збриша" американската сонародничка Медисон Киз за титулата од УС опен

објавено: 9 септември 2017 - 23:25

За 24-годишната Стивенс ова е несомнено врв на кариерата, бидејќи досега имаше освоено само четири ВТА-титули, од кои последната во април 2006 година, пред сериозната повреда на стапалото. Во првите четири месеци од годината таа стигна до три ВТА-титули, но по настапот на Олимписките игри, Американката доби фрактура на левото стапало и мораше да паузира дури 11 месеци.

Стивенс се врати на тенисот пред Вимблдон, каде што загуби во првото коло, по што најзначителен резултат и беше полуфиналето во Торонто и финалето во Синсинати, по што се врати во топ 100 на ВТА-листата.

На УС опен, таа беше едноставно фантастична. Во првото коло ја помина поранешната финалистка Роберта Винчи, а во второто ја изненади 11. носителка, Доминика Цибулкова. До четврт-финалето паднаа Ешли Барти и Јулија Гергес, па и 16. носителка Анастасија Севастова. На крајот, таа успеа да ја помине Венус Вилијамс.

За 22-годишната Киз, поразот ќе биде „горчлив“, бидејќи и таа имаше фасцинантна приказна на патот до финалето. По повредата на зглобот на раката во јануари, таа загуби во второто коло на Ролан Гарос и на Вимблдон и имаше 5-7 скор. Но, оттогаш имаше само еден пораз и 12-1 серија.

Најново во Други спортови