Нашата тенисерка елиминирана на турнирот во Кијасо

Стоп за Лина во четврт-финалето

Македонската тенисерка како четврта носителка загуби од вон Дајхман во три сета со 3:6, 6:0, 2:6

објавено: 21 април 2017 - 13:44

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го заврши настапот во сингл на фјучр турнирот во Кијасо, Швајцарија.

Нашиот рекет како четврти носител беше стопирана во четврт-финалето од Катинка вон Дајхман од Лихтенштајн со 3:6, 6:0, 2:6.

Сепак, овој пораз не значи и крај на активностите заМакедонката бидејќи не пред 15:30 часот денеска, заедно со Александра Најденова од Бугарија ќе играат во полуфиналето против Миртил Жорж и Тес Сужо.

Најново во Други спортови