ШПАНКАТА СЕ ПОВРЕДИ ВО ВТОРОТО КОЛО ВО МОСКВА

Суарез Наваро ги загуби шансите за ВТА-финалето

Надежите на Карла Суарез Наваро за пласман на ВТА-финалето во Сингапур завршија откако таа се повлече од мечот од второто коло во Кремљ купот во Москва против Дарја Гаврилова

објавено: 19 октомври 2016 - 14:33

Суарез Наваро, која е 12. на ВТА-листата, требаше да го освои турнирот во Москва за да се пласира во Сингапур, но губеше со 6:3/3:0 од Австралијката Гаврилова кога се повлече со повреда.

Со повлекувањето на Суарез Наваро, за последното осмо место во Сингапур ќе се борат Британката Јохана Конта, која не игра во Москва поради повреда и ветеранката Светлана Кузнецова, која треба да го освои домашниот турнир.

Во ВТА-финалето веќе се квалификувани: Анџелике Кербер, Агњешка Радвањска, Симона Халеп, Каролина Плишкова, Гарбиње Мугуруза, Медисон Киз и Доминика Цибулкова.

Најново во Други спортови