Ќе биде поинтересно

Судиите ќе продолжат да мерат време за сервис, публиката ќе може да гледа - Часовникот ќе почне да врти на САД опен

Старото правило за мерење на времето за сервис во тенисот ќе се модифицира на гренд-слемот во Њујорк и ќе биде подостапно за гледачите. Популарното правило „Serve clock“ останува, ќе мора да се изведе сервисот за најмногу 25 секунди, но ќе биде потранспарентно

објавено: 13 април 2018 - 14:00

Старото правило за мерење на времето за сервис во тенисот ќе се модифицира на гренд-слемот во Њујорк и ќе биде подостапно за гледачите. Популарното правило „Serve clock" останува, ќе мора да се изведе сервисот за најмногу 25 секунди, но ќе биде потранспарентно.

Досега се беше во рацете на судиите, кои мереа време за сервис, а сега ќе нема калкулации, бидејќи на терените во Њујорк ќе бидат поставени часовници. Целта е да се забрза играта, а ќе се рефрешираат им правилата за однесување на тенисерите. 

На терените на „Флешинг Медоуз“ ќе се игра од 27. август до 9 септември.

Најново во Други спортови