Ник Киргиос со уште еден скандалозен потег

Судијата му одзеде поен, а тој го предаде мечот

Австралискиот тенисер важи за еден од најконтроверзните, а тоа го потврди уште еднаш

објавено: 10 октомври 2017 - 17:15

Австралискиот тенисер Ник Киргиос продолжи со контроверзното однесување на теренот. Во второто коло од Мастерс 1000 турнирот во Шангај, против Американецот Стив Џонсон, го предаде мечот, откако го загуби првиот сет. 

Киргиос неколку пати се закануваше дека ќе го предаде мечот поради некои спорни судски одлуки. На крајот, судијата го казни Австралијецот поради непримерно однесување и му одзема еден поен во тај-брејкот.

Кога Џонсон го освои првиот сет, Киргиос отиде и му честиташе на Американецот, па си замина, испратен со свирежи од публиката. По дуелот, Киргиос се правдаше дека си заминал бидејќи имал проблеми со болки во рамото, но на теренот одби било каква лекарска помош. 

Најново во Други спортови