УКРАИНКАТА СО ИМПРЕСИВНА ПОБЕДА ВО ТОРОНТО

Свитолина го крена канадскиот трофеј

Украинката Елина Свитолина стигна до својот петти трофеј во 2017 година, откако во финалето на Роџерс купот во Торонто со 6:4/6:0 ја „збриша" поранешната светска тенисерка број 1, Каролине Вознијацки

објавено: 13 август 2017 - 21:19

Петтата носителка Свитолина на патот до финалето ги елиминираше шампионката од Вимблдон, Гарбиње Мугуруза и актуелната шампионка Симона Халеп, и ја совлада шестата носителка Вознијацки за 77 минути.

22-годишната Украинка направи три брејка во првиот сет и уште три во едностраниот втор сет за да не и дозволи на Вознијацки да стигне до првата титула од октомври 2016. Од понеделник, Свитолина ќе е светска тенисерка број 4, а исто така ќе биде лидер во „Трката до Сингапур“, за пласман на ВТА-финалето.

Вознијацки, шампионка од Канада од 2010 година, има шест финалиња и шест порази во нив во 2017 година по поразите во Доха, Дубаи, Мајами, Истбурн и Бастад.

Најново во Други спортови