ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ТЕНИСЕРИ НА ДЕНЕШНИЦАТА

ТЕНИСКИ ШОК: Енди Мареј во солзи најави крај на кариерата! (ВИДЕО)

Енди Мареј соопшти дека поради големи болки, дури и после операцијата на колкот, нема да може да игра уште долго, така најавувајќи крај на кариерата.

објавено: 11 јануари 2019 - 09:36

„Не сум сигурен дали ќе можам со вакви болки да играм уште четири или пет месеци. Сакам да бидам дел и од Вимблдон и тогаш ја завршам кариерата, но не сум сигурен дали ќе успеам", рече во солзи шкотскиот тенисер пред новинарите во Мелбурн каде што треба наскоро да започне првиот Грен слем годинава, „Австралија Опен".

Овој 31-годишен тенисер трипати освојуваше грен слем трофеи, а иако најавува дека сака да игра на почетокот од следната недела во првото коло на Австралија Опен (ривал му е 22. носител, Роберто Баутиста Агут - кој пак минатата седмица го совлада Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на турнирот во Доха), вели дека не му е лесно.

„Веќе 20 месеци сум во болки. Направив се што е можно со цел колкот да бидам во добра состојба, но тоа не помогна. Навистина имам премногу болки. Морам во еден момент да запрам со тенисот, бидејќи во овој момент воопшто не знам кога ќе прекинат болките", истакна Мареј.

Најново во Други спортови