Урива рекорди

Тенискиот рулет во Монте Карло заврте 11 за Рафаел Надал

Рафаел Надал ја освои рекордната 11 титула на тенискиот турнир во Монте Карло и уште еднаш потврди дека е неприкосновен за земјена подлога. Во финалето во два сета шпанскиот ас го декласира Кеи Нишикори

објавено: 22 април 2018 - 16:28

Рафаел Надал ја освои рекордната 11 титула на тенискиот турнир во Монте Карло и уште еднаш потврди дека е неприкосновен за земјена подлога. Во финалето во два сета шпанскиот ас го декласира Кеи Нишикори.

Првиот сет Надал како да се загреваше во 12. финале за него во Монте Карло, но сепак го доби со 6:3, а потоа лесно го реши мечот за титула со победа во вториот сет со 6:2.

Финалето е успех и за Нишикори, тенисер кој долго паузираше поради повреда, а кам-бек правеше со настап на турнири од Челенџ серијата.

Најново во Други спортови