БРИТАНЕЦОТ ГО НАМАЧИ НАДАЛ НА „НЕГОВИОТ“ ТЕРЕН

Тежок почеток за Рафа во Монте Карло

Доколку Рафаел Надал сака да ја освои по 10-ти пат титулата од Мастерсот во Монте Карло ќе мора да игра подобро од првиот меч, во кој се намачи со Британецот Кајл Едмунд пред да победи со 6:0/5:7/6:3

објавено: 19 април 2017 - 18:19

Надал, кој е четврти носител, сега има 59-4 скор на Мастерс 1000 турнирот во малото кнежевство, откако прво започна фуриозно, но потоа се намачи во меч од 2 часа и 19 минути. Следен за него е Германецот Александер Зверев.

„Кралот на земја“ Надал во првиот сет загуби само три поени на свој сервис за по 10-ти пат да додели „нула“ на играч на Монте Карло Кантри клубот. 22-годишниот Едмунд се врати од 1:2 негатива до 4:2 водство во вториот сет, но Надал се врати да израмни во вториот сет. Меѓутоа, Едмунд продолжи да го „притиска“ Шпанецот и го искористи првиот сет-поен за израмнување.

Сепак, Надал во финишот се покажа како подобар тенисер во својот 400. меч на земја, за да го подобри скорот на 366-34, или победи во 91.5% од мечевите. 

Најново во Други спортови