Време е за збогум

Томи Хас се прости од тениските терени (Видео)

Томи Хас е директор на тенискиот турнир во Индијан Велс, кој е во тек, а ја искористи шансата и официјално да се прости од тениските терени

објавено: 16 март 2018 - 16:10

Томи Хас е директор на тенискиот турнир во Индијан Велс, кој е во тек, а ја искористи шансата и официјално да се прости од тениските терени.

Германецот има 39 години и веќе втора година е прв човек на еден од најзначајните тениски турнири, тој во Индијан Велс.

„Тенисот ми помогна да стекнам многу драгоцени пријателства. Оваа игра ме научи да се борам со предизвиците и секогаш да барам повисоки цели. Ви благодарам на сите“, рече Хас.

Емотивниот говор со кој се прости од тенисот беше по четвртфиналниот меч меѓу Роџер Федерер и Хјон Чунг.

Хас во најдобрите денови беше второрангиран тенисер на светската ранг-листа, а има 569 победи, гарнирани со 15 АТП титули.

Најново во Други спортови