Не е лесен тенискиот леб

Томи сведок на хаосот во Форт Лодердејл

„Додека се случуваше нападот јас играв квалификациски меч. Пред само пет шест дена од истиот тој аеродром изнајмив рент а-кар" изјави нашиот тенисер

објавено: 8 јануари 2017 - 21:30

Томислав Јотовски на почетокот од новата година се наоѓана Северно-американскиот континент, каде што ја темпира својата форма за претстојните активности.
Моменталната локација на томи е Форт Лодердејл, односно местото каде што во петокот се случи грозоморен настан. Во вооружен напад на аеродромот беа убиени пет, додека осум луѓе се повредени.

„Во тие мигови кога се случи нападот јас играв меч на еден од терените. Токму од тој аеродром каде што се случи нападот пред некаде пет-шест денови земав 'рент а-кар' Сега ситуацијата е стабилизирана, но јасно е дека ќе биде потребно време за работите да дојдат на своето место", изјави Јотовски.

Нашиот најдобар машки тенисер, како прв носител утринава ќе го игра и мечот од третото квалификациско коло. Противник ќе му биде Русинот Иван Калинин.

Најново во Други спортови