ВУЈКОТО НА ШПАНЕЦОТ Е ОПТИМИСТ

Тони Надал: Рафа може да го надмине рекордот на Федерер

Играчите кои повеќе од една деценија се во врвот на светскиот тенис, се подготвуваат за нови трофеи и во 2018 година

објавено: 19 декември 2017 - 19:30

Ривалството на теренот меѓу Рафаел Надал и Роџер Федерер трае повеќе од една деценија. Тоа се двајцата најтрофејни тенисери на денешницата. Во 2017 година, двајцата триумфираа на по два Гренд-слем турнири. Швајцарецот триумфираше на Австралија опен и на Вимблдон, додека Надал беше најдобар во Париз и Њујорк. 

Долгогодишниот тренер на Рафа, чичко му Тони, најавува дека Шпанецот може да ги надмине рекордните 19 гренд слем титули на Роџер. 

„Верувам дека Рафаел ќе трае доволно долго, за да може да го надмине рекордот на Федерер. Следната година ќе биде многу тешка, но се надевам дека Надал уште еднап ќе потврди дека е најдобар на земја и ќе победи во Монте Карло, Барселона и Ролан Гарос“, рече Тони Надал, кој оваа година ја заврши долгогодишната соработка со својот внук. 

Надал ја заврши 2017 година на првото место на АТП листата, а Федерер е веднаш зад него. Следниот голем предизвик за најдобрите тенисери ќе биде Австралија Опен во Мелбурн, кој се игра во втората половина на јануари. 

Најново во Други спортови