СРБИНОТ СИГУРЕН ВО ПРВОТО КОЛО

ТРИУМФАЛНО ВРАЌАЊЕ: Ноле се врати во Мелбурн, и победи!

Без загубен сет, Ѓоковиќ беше убедлив во дуелот со Доналд Јанг...

објавено: 16 јануари 2018 - 08:45

Шесткратниот освојувач на Австралискиот Опен, Новако Ѓоковиќ, имаше успешно враќање на тениските терени. И тоа на местото каде досега му одеше најдобро во кариерата, барем кога се зборува за Грен Слем турнирите – Мелбурн.

Оваа година 14. Носител во Мелбурн, сиурно, со максимални (3-0) го победи Доналд Јанг.

„Играв перфектно, како да немам толкава пауза зад себе. Нема подобро место за моето враќање после шест месеци од ова, Австралија. За мене тоа е благослов, и тоа што по втор пат стаав татко, и имав полни раце работа иако со нив не го држев рекетот Бебето, сонот и сите домашни работи, знаете како оди тоа.. Тие не се тука и ми недостасуваат. Но ми недостасува и тенисот. Но тие се моја голема подршка во ова враќање"- рече Ѓоковиќ по мечот одиграна на „Маргарет Корт" арената.

Во продолжението на турнирот Ноле ќе се сретне со подобриот од дуелот Монфилс- Мунар.

 

Најново во Други спортови