ИНТЕРЕСНО ПРИЗНАНИЕ ОД ТРЕНЕРОТ

ВАЈДА: Малку недостасуваше Новак да не игра на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ го освои својот четврти трофеј во Вимблдон, а 13 грен слем турнир во кариерата, а ако му се верува на неговиот долгогодишен соработник и тренер Марјан Вајда, лесно можело да се случи Србинот и воопшто да не се појави на терените на Ол Ингланд клубот во Лондон.

објавено: 16 јули 2018 - 11:25

Новак Ѓоковиќ го освои својот четврти трофеј во Вимблдон, а 13 грен слем турнир во кариерата, а ако му се верува на неговиот долгогодишен соработник и тренер Марјан Вајда, лесно можело да се случи Србинот и воопшто да не се појави на терените на Ол Ингланд клубот во Лондон.

„Не го очекував сето ова, но тој ја пронајде својата игра. Добро беше што играше на Квинс, и малку недостасуваше да не биде спремен за Вимблдон. Малку се сомневав и за финалето, особено поради мечот од пет сета"- кажа Вајда по освојувањето на уште еден голем трофеј во кариерата на популарниот Ноле.

Вајда смета дека како одминувал турнирот така растел и напредокот во играта на Ѓоковиќ.

„Сервираше добро, и одлично ретернираше. Порано, тоа не беше така добро, но многу работевме на тоа и тој го пронајде тој удар" - појасни Вајда кој малку се врати и на полуфиналето со Рафаел Надал.
„Клучот беше да остане во мечот. Долго не играл против Рафа во пет сета"– вели словачкиот тренер, со забелешка дека Новак немал предност затоа што тој меч се играл во затворени услови, односно со поставен кров на централниот терен на Вимблдон.

Најново во Други спортови