АМЕРИКАНСКАТА ТЕНИСКА „РЕВОЛУЦИЈА“ ПРОДОЛЖУВА

Вандевеге е третата Американка во полуфинале!

Коко Вандевеге ја воодушеви публиката на Флешинг Медоуз, „нокаутирајќи" ја светската тенисерка број 1 и прва носителка, Каролина Плишкова во четврт-финалето на УС опен со 7:6(4)/6:3

објавено: 6 септември 2017 - 20:18

Шокантната победа на 20. носителка значи дека досега има три Американки во полуфиналето, а може да се случи и да има четири доколку Медисон Киз ја победи Естонката Каја Канепи во ноќниот меч. Венус Вилијамс и Слоун Стивенс веќе се меѓу најдобрите четири.

Вандевеге направи ран брејк за да поведе со 3:1, но веднаш потоа исфрустрирана го скрши рекетот откако дозволи Плишкова да врати веднаш. Со помош на публиката, Американката го освои првиот сет во тај-брејк, по што во вториот направи еден брејк доволен за победа.

Поразот на Плишкова исто така значи губење на првото место на ВТА-листата, каде што од понеделник ќе ја замени Шпанката Гарбиње Мугуруза, актуелната шампионка од Вимблдон.

Најново во Други спортови