МЛАДИОТ ГЕРМАНЕЦ СО ЧЕТВРТ ТРОФЕЈ ВО 2017

Вашингтон среќен за Зверев и Макарова

Александер Зверев ја освои четвртата титула во 2017 година, предупредувајќи ги ривалите дека неговото време дојде

објавено: 7 август 2017 - 08:15

20-годишниот Германец го победи Јужноафриканецот Кевин Андерсон со 6:4/6:4 за да освои 355.460 долари и трофеј од Сити опен во Вашингтон. Светскиот рекет број 8 загуби само девет поени на свој сервис и стана најмладиот тенисер кој освоил четири титули во една година првпат по Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро во 2008 година.

„Во последните неколку месеци се подобрив многу и сега можам да се надевам на трофеи. Колку што е подолг турнирот, толку е подобро за мене. Се надевам дека ќе продолжи така“, вели Зверев.

Тој ја освои својата прва титула минатиот септември во Санкт Петерсбург, а оваа година победи во Монпеље, Минхен и Рим, каде што го победи Новак Ѓоковиќ во финалето. Само шампионот од Вимблдон и Австралискиот опен, Роџер Федерер со пет титули има повеќе трофеи од него во 2017.

 

Во женското финале, светската тенисерка број 58, Екатерина Макарова спречи германска доминација турнирот, враќајќи се за 3:6/7:6(2)/6:0 победа над 40-рангираната Јулија Гергес за трет трофеј во кариерата.

„Сонував за трофеј толку долго време, така што нормално дека сум многу среќна“, вели Макарова.

Макарова немаше титула од Патаја сити во 2014 година. Таа го освои првиот ВТА-трофеј во Истбурн во 2010 година.

Најново во Други спортови