Познат е првиот полуфинален пар

Вавринка и Карењо Буста во полуфиналето во Индијан Велс

Откако изминатава ноќ остварија победи и успешно ја минаа четврт-финалната фаза, Вавринка и Карењо Буста ќе го сочинуваат првиот полуфинален пар на АТП турнирот во Индијан Велс

објавено: 17 март 2017 - 08:54

Стен Вавринка и Пабло Карењо Бауста се првите полуфиналисти на АТП турнирот во Индијан Велс.

Швајцарецот кој воедно е и трет носител, во четврт-финалната фаза го победи Доминик Тем со 2:1 во сетови. Првиот со 6:4 му припада на Вавринка, додека, Тем кој е деветти тенисер во светот возврати со иста мера (6:4).Третиот и одлучувачки сет беше решен во тај-брејкот, кој на крај со 7:2 му припадна на Вавринка.

Со истиот резултат во сетови оствари победа и Карењо Буста над Пабло Куевас. Текот на мечот беше сличен со тој претходниот. Првиот сет, но, со 6:1 му припадна на Шпанецот, додека опонентот од Уругвај возврати и со 6:3 израмни во сетови. И повторно одлучувачкиот сет замина во тај-брејк а таму со 7:4 во поени заврши во корист на шпанскиот претставник.

Вториот полуфинален пар ќе биде познат утре. А за тие две места ќе се борат Роџер Федерер против Ник Кирјос, односно Џек Сок и Кеи Нишикори.

Победникот на овој АТП турнир ќе добие 1.000 поени, додека победникот на своето конто ќе додаде околу еден милион евра.

Најново во Други спортови