ШВАЈЦАРЕЦОТ ИМА ПОВРЕДА НА КОЛЕНОТО

Вавринка не игра во Монтреал и Синсинати

Светскиот рекет број 4, Швајцарецот Стен Вавринка се повлече од хардкорт-турнирите во Монтреал и во Синсинати поради повреда на коленото

објавено: 2 август 2017 - 19:00

32-годишниот трикратен гренд слем шампион, оваа година победи на домашниот Женева опен турнир, меѓутоа се мачеше со повредата на коленото во текот на сезоната на трева, губејќи во првото коло во Квинс Клаб и Вимблдон.

„По долго размислување и консултации со лекарите и со тимот, решив да не одам во Канада и Синсинати за да осигурам дека ќе можам да играм на УС опен“, вели Вавринка.

Швајцарецот е актуелен УС опен шампион и би требало да се врати на време за последниот гренд слем од сезоната, кој почнува на 28 август.

Најново во Други спортови