МЛАДАТА ХРВАТКА СТИГНА ДО ВТОРИОТ ТРОФЕЈ ВО КАРИЕРАТА

Векиќ и ја расипа „домашната забава“ на Конта

Јохана Конта ќе почека за домашна титула, откако светската тенисерка број 70., Хрватката Дона Векиќ ја совлада со 6:2/6:7(3)/7:5 во финалето на Аегон опен во Нотингем

објавено: 18 јуни 2017 - 19:35

Конта немаше загубено сет на патот до финалето и се обидуваше да стане првата Британка со титула на домашен терен по Вирџинија Вејд во 1975 година, меѓутоа на патот и се најде 20-годишната Векиќ.

26-годишната Британка се мачеше со одличната игра на Векиќ од основната линија за да го загуби тај-брејкот во вториот сет, по што еден брејк во третиот беше доволен за титула.

Најново во Други спортови