Ветеранката до специјален рекорд

Венус Вилијамс со победи ја маркираше илјадарката

Венус Вилијамс има уште еден рекорд со кој може да се гордее, а со две победи во Федерејшн купот ја мина границата од илјада мечеви во сингл на светската тениска сцена

објавено: 12 февруари 2018 - 12:30

Венус Вилијамс има уште еден рекорд со кој може да се гордее, а со две победи во Федерејшн купот ја мина границата од илјада мечеви во сингл на светската тениска сцена.

Повеќекратната гренд-слем шампионка речиси сама ги одведе Соединетите Американски Држави до полуфиналето, со победите против Аранча Рус и Рејчел Хогенкамп, па потоа имаше специјална прилика да игра во двојки со својата сестра Серена. Иако загубија двете сестри кои оставија длабока трага во женскиот тенис, имаа причини за славје.

САД ја победија Холандија со 3:1 и ќе играат полуфинале на гости против Франција на 21. април, а Серена го одигра првиот меч, откако ја роди ќерката Алексис Олимпија Оханијан. Венус од друга страна има 1001 меч во сингл што е редок подвиг во светот на тенисот.

Во второто полуфинале во Фед-купот ќе играат Германија и Чешка.

Најново во Други спортови