РУСКА ПРЕСМЕТКА ВО ФИНАЛЕТО НА ИНДИЈАН ВЕЛС

Веснина ја доби „војната“ со Кузнецова

Елена Веснина се бореше до последниот поен за да стигне до импресивна 6:7(6)/7:5/6:4 победа над руската сонародничка Светлана Кузнецова и да ја освои големата титула од Индијан Велс

објавено: 19 март 2017 - 22:21

Двократната гренд слем шампионка Кузнецова изгледаше на пат до лесна победа откако прво го доби тесниот тај-брејк во првиот сет, а потоа поведе со 4:1 во вториот сет. Меѓутоа, Веснина, која поголем фокус во својата кариера стави на игра во двојки, освои пет гема во низа за да поведе со 5:4. Потоа таа веднаш загуби брејк, но освои два гема во низа за да израмни.

Во последниот сет доволен беше еден брејк на сервис за Веснина да стигне до својата трета ВТА-титула, досега најголемата во синг. Веснина е двократна гренд слем шампионка во двојки и актуелна олимписка шампионка со Екатерина Макарова.

Најново во Други спортови