ФАНАТИЗАМ ИЛИ ДОБРА ТАКТИКА?

ВЛОЖИЛ 40.000 ДОЛАРИ: Смета дека Киргиос ќе го освои Мелбурн

Вербата дека Ник Киргиос ќе го освои првиот Грен слем турнир во 2018 година е особено изразена кај неговите сонародници од „Зелениот континент". Дел од нив вложуваат во него со големи цифри.

објавено: 4 јануари 2018 - 21:15

На крајот на минатогодшиниот Вимблдон, еден обложувач стана побогат за 222.000 долари. Две недели порано, исто се кладеше дека Роџер Федерер ќе го освои турнирот со влог вреден 67.000 долари.

И сега има слична приказна. Пред почетокот на Австралиан Опен во Мелбурн, вложи дури 40.00 долари дека нов „Ози" шампион ќе биде токму Ник Киргиос.
Доколку пак се случи една таква работа, ќе си оди дома побогат за 840.000 долари.
Една работа која донесе и доста висока сериозност кај букмејкерите на петиот континент.
Затоа што влогот е доста храбар, и на оној кој уплатил толкава сума пари ќе му треба и среќа со оглед на тоа дека Киргиос се врати по двомесечна пауза поради проблемите со колкот.

„Се повредив пред неколку дена. Почувствував како да имам некоја течност во коленото. Но сигурен сум дека ќе бидам доволно добар и дека ќе играм во Мелбурн"- порача Киргиос.

Во четврфиналето на Бризбејн ќе игра против Украинецот Долгополов, па тогаш ќе стане и појасно дали и колку може да оди во Мелбурн.
Засега, има две четвртфиналиња токму во Австралија, но и на Вимлблдон, во 2014 и во 2015 година.

Најново во Други спортови