КАКОВ МЕСЕЦ ЗА НЕВЕРОЈАТНАТА СЛОУН СТИВЕНС

Во јули беше 957 на ВТА, сега е шампионка на УС Опен!

Винчи, Цибулкова, Барти, Гергес, Севастова, В,Вилијамс и Киз – сите тие паднаа пред Стоун Стивенс на турнирот во Њујорк...

објавено: 10 септември 2017 - 08:05

Во дуелот на две Американки – пехарот отиде кај постарата.

Дваесет и четири годишната Слоун Стивенс го освои овогодинешниот УС Опен отако во финалето на последниот Грен слем во сезоната ја совлада сонародничката Медисон Киз по само еден час игра (6:3 и 6:0).
За еден сензационален резултат, најголем во кариерата на Стивенс.


Пред се затоа што оваа девојка од Флорида во досегашниот дел од кариерата имаше освоено само четири турнири, од кои најпознат е оној во Чарлтон Опен, што значи дека ниту еден од нив не бил од оние од серијата Мастер, а сега е сопственик на Грен слем трофеј.
Во пресрет на УС Опена, Стивенс беше рангирана на 83 место на светот, а со оглед на тоа дека минатата сезона не играше во Њујорк, од понеделник ја очекува огромен напредок на ВТА листата.
Она што посебно фасцинира е податокот дека пред шест недели, односно на 31.јули Стивенс беше 957 тенисерка на светот. А сега ќе напредува до 17. позиција.
Таа направи пауза од 11. месеци, а се врати на турнирот во Вимблдон, каде својот настап го заврши во првото коло. Потоа беше поразена и во Вашингтон, за потоа да оствари 15. Победи во 17.мечеви на турнирите во Синсинати и во Торонто.
На крајот наградата стигна на УС Опен. Каков месец и половина за оваа девојка...

Најново во Други спортови