Дејвис Куп натпревари од Третата Европска Група

Во Пловдив по подобар резултат, и премин во втората Дејвис лига

Македонската Дејвис Куп репрезентација денес отпатува за Бугарија, каде ќе настапува на натпреварите од Третата Европска Група.

објавено: 2 април 2018 - 13:45

Македонската Дејвис Куп репрезентација денес отпатува за Пловдив, каде ќе настапува на Дејвис Куп натпреварите од Третата Европска Група.
Од оваа година, овие натпревари се играат на две локации (Црна Гора и Бугарија) каде вкупно учествуваат 16 репрезентации, а учесниците на настаните беа извлекувани.
Во Бугарија ќе настапуваат следните репрезентации: Албанија, Андора, Бугарија, Кипар, Исланд, Монако, Сан Марино и Македонија.

Според распоредот на Интернационалната Тениска Федерација, за утре (вторник) е предвиден состанок на капитените кога ќе се извлекуваат репрезентациите по групи.

Со натпревари се започнува од среда и до петок се играат трите натпревари по групи, а во сабота се игра финалниот натпревар за пласман во 2 Евро Африканска Зона и натпреварите за разигрување за пласман.

Победникот од натпреварите од Пловдив и победникот од натпреварите од Улцињ ќе се пласираат во група погоре.

Претходно, македонската репрезентација во периодот од 26. март до 1.април беше подготовки на терените на Тенискиот клуб Југ-Скопје.

Оваа година Македонија во Дејвис Купот ќе ја претставуваат:
Горазд Србљак- Тенис парк Скопје - Скопје

Димитар Грабул- Тениски клуб Југ - Скопје

Стефан Мицов- Тенниспарк Скопје - Скопје

Ѓорѓи Јанкуловски- Тениски клуб Југ -Скопје

Чедомир Јовановски-Селектор и Капитен
Владимир Томиќ- помошник тренер

 

Најново во Други спортови