КАКОВ ШОК ВО ПАРИЗ

ВО ПРЕСРЕТ НА ДУЕЛОТ СО ШАРАПОВА: Серена се повлече од Ролан Гарос!

На еден час пред закажаната средба со Марија Шарапова, Американката се повлече од турнирот во Париз.

објавено: 4 јуни 2018 - 16:00

На прес-конференцијата пред медиумите во главниот град на Франција, една од топ фаворитките на турнирот, рече дека има проблем со мускулите на грбот, и дека поради тоа не може да сервира како што сака.

Во нејзините планови е останување во Париз, каде ќе направи дополнителни прегледи кај специјалисти, па после тоа ќе биде познато дали ќе заигра на Вимблдон.
Некогашната најдобра тенисерка на светот, неодамна се врати на теренот после породувањето во септември, минатата година.
За неа Ролан Гарос беше првиот голем турнир на кој играше по скоро повеќе од една година. А на претходниот Австралиан Опен, минатата година, ја освои својата 23. Грен слем титула во кариерата.

 

Најново во Други спортови