ПОКАЖУВА ЗОШТО СО ГОДИНИ БЕШЕ НАЈДОБАР ВО СВЕТОТ

Волшебникот Федерер и на 35 години доминира, го освои Индијан Велс

Во финалето меѓу двајцата тенисери од Швајцарија Роџер беше подобар од Стан Вавринка. 

објавено: 20 март 2017 - 00:10

Како во старите добри времиња, Роџер Федерер ги освоува големите АТП турнири. Овојпат Федерер се радуваше на титулата на турнирот во Индијан Велс. Во финалето меѓу двајца тенисери од Швајцарија, Роџер со 6:4, 7:5 го совлада Стан Вавринка.

Со 35 години и 7 месеци е најстар победник на еден ваков турнир.

За Федерер ова е пета титула на Индијан Велс, додека Вавринка во првото финале на турнирот не успеа да се радува на трофејот. Во првиот сет се играше израмнето, но помалку искусниот падна во решавачкиот момент. Федерер водеше со 5:4 и успеа да направи брејк во 10 гем, за водство од 1:0. 

Во вториот сет двајцата тенисери беа сигурни на своите сетови се до водството на Федерер од 6:5. Вавринка сервираше, имаше 40:30 во поени, но Роџер со три поени во низа стигна до освојување на гемот што значеше и конечни 7:5 во вториот сет и шампионска радост.

Со овој триумф,Федерер стигна до 20 победа во 23 меч против својот сонародник. Вавринка едноставно нема „лек“ за некогашниот најдобар тенисер во свет и повторно си замина разочаран. Роџер едноставно покажа дека и со полни 35 години е во форма да ги победи сите противници.

Најново во Други спортови