ДАНКАТА ИМА ОДЛИЧНО ЛЕТО, НО НЕМА ТИТУЛА

Вознијацки и Свитолина во финалето во Торонто

Данката Каролине Вознијацки и Украинката Елина Свитолина ќе се судрат во финалето на турнирот во Торонто

објавено: 13 август 2017 - 11:00

На Вознијацки, шампионката од 2010 година, и беа потребни 80 минути да ја победи Американката Слоун Стивенс со 6:2/6:3 за да се пласира во шестото финале во 2017, додека Свитолина мораше да победи двапати за пласман во полуфиналето. И покрај тоа што има пет финалиња во 2017, Вознијацки не додаде на 25-те титули оваа година.

„Имав една година  во која имав шест финалиња и сите ги освоив. Ова е сосема поинаква ситуација“, вели Вознијацки.

Свитолина прво ја „заврши“ работата против шампионката од Вимблдон, Гарбиње Мугуруза со 4:6/6:4/6:3, пред со 6:1/6:1 да ја збрише Романката Симона Халеп.

„Секако, малку сум уморна, бидејќи не очекував ваков ден. На крајот останав фокусирана и пресреќна сум за победата“, вели Свитолина, за која победа над Халеп е одмазда за тешкиот пораз на Ролан Гарос.

Најново во Други спортови