БРИТАНЕЦОТ СЕ ПОВЛЕЧЕ

Заврши сезоната и за Енди Мареј

Довчерашниот број 1 во светскиот тенис изјави дека нема да се натпреварува до истекот на година, причината е повредата на колкот која го мачи повеќе од два месеци...

објавено: 6 септември 2017 - 14:25

 

 

 

По Новак Ѓоковиќ, се чини дека и Енди Мареј, човекот кој го замени Србинот на прво тместо на АТП листата, ќе се обиде да ја санира актуелната повреда на колкот, со дополнително мирување.
Во соопштението до јавноста Британецот наведе дека сигурно ќе ги пропушти двата наредни турнир, оние во Пекинг и во Шангај.

„За жал нема да бидма во можност да се натпреварувам во Пекинг и во Шангај, а најверојатно и на последните два турнир во сезоната, оние во Виена и во Париз. Сето тоа е предизвикано со повредата на колкот која ме мачи во последните месеци. Првиот турнир на кој ќе играм ќе биде оној во Бризбејн, наредната година. Таму ќе се подготвувам за Австралискиот Опен"- порача Мареј.

Претходно, поради повреди, освен Ѓоковиќ, оваа сезона нема да ја доиграат и уште некои врвни тенисери како Станислас Вавринка и Кејт Нишикори.

Најново во Други спортови