НАЈДОБРИТЕ ОСУМ ТЕНИСЕРКИ ОД МИНАТАТА СЕЗОНА НА ЕДНО МЕСТО

Жестоки битки на финалниот ВТА турнир во Сингапур

Наближува и последниот женски турнир за годината каде што ќе се натпреваруваат најдобрите осум тенисерки изминатата сезона кои се собираат на едно место и се борат за елитниот трофеј.

објавено: 20 октомври 2018 - 09:30

Беше одржана ждрепката, а натпреварувачките беа поделени во две групи предводени од Каролин Возниацки и Анѓелик Кербер:

Црвена група:

Анѓелик Кербер
Наоми Осака
Слоун Стивенс
Кики Бертинс

Шампионката од Вимблдон ја предводи оваа група и дојде како замена за Симона Халеп која се откажа поради повреда на грбот.

Бела група:

Каролин Возниацки
Петра Квитова
Елина Свитолина
Каролина Плишкова

Минатогодишната носителка на титулата од финалето на ВТА, Каролин Возниацки годинава дојде до трофејот на „Австралија Опен".

Мечевите ќе се одржат меѓу 21 и 28 октомври, а најдобрите две тенисерки од групите влегуваат во финалната четворка.

Најново во Други спортови