ГЕРМАНЕЦОТ МУ СЕ ПОКЛОНИ НА СРБИНОТ

Зверев: Новак сите знаат колку си добар, нам ни останува да учиме од тебе

Германецот во Лондон постана најмладиот шампион на последниот турнир во сезоната од 2008 година кога Новак Ѓоковиќ ја освои првата титула.

објавено: 18 ноември 2018 - 22:30

Германецот во Лондон постана најмладиот шампион на последниот турнир во сезоната од 2008 година кога Новак Ѓоковиќ ја освои првата титула.

Зверев на овој начин му се реваншираше на најдобриот тенисер во светот за поразот во групната фаза.

„Не можам да опишам колку сум среќен. Ова е најголемата титула која ја имам освоено во мојата кариера. Морам да му честитам на Новак, не само на овој турнир, туку и за резултатите кои ги оствари во втората половина оваа година. Речиси немаше загубено меч, но ете, јас те победив. Игравме два пати оваа недела и сите знаат колку си добар, и тоа не само како тенисер, туку и како личност. Можеме многу да учиме од тебе. Тука си да поделиш се што знаеш. Сега ми дозволи и да победам, да го освојам трофејот“, изјави Зверев. 

Германскиот тенисер ја освои четвртата титула, најголема во неговата кариера, тој втор пат по ред годината ќе ја заврши на четвртото место на АТП листата.

 

Најново во Други спортови