ГЕРМАНЕЦОТ ВЛЕГУВА КАКО ЧЕТВРТИ НОСИТЕЛ НА УС ОПЕН

Зверев подотвен за „големиот чекор“

Пред четири месеци, Александер Зверев беше најавуван како фаворит од сенка на Ролан Гарос и тој загуби во првото коло.

објавено: 25 август 2017 - 21:50

Во понеделник, Германецот ќе биде четврти носител на УС опен со реални шанси за прва гренд слем титула, откако 20-годишниот Зверев посочува дека е подготвен да стави крај на доминацијата на големата петорка, Роџер Федерер, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј и Стен Вавринка, тенисерите кои освоија 52 од последните 57 гренд слем круни.

„Летото досега беше доста позитивно. Победив доста топ 10 тенисери и големи легенди во тешки мечеви. Но, ќе видиме како ќе заврши на УС опен“, вели Зверев.

Со поранешниот светски број 1, Хуан Карлос Фереро како тренер, Зверев излезе од сенката на постариот брат Миша и ако се стават на страна Федерер и Надал, е човек со најголеми шанси на Флешинг Медоуз.

„Никогаш не сум се чувствувал подобро пред гренд слем. Се надевам дека тоа ќе го покажам на теренот“, вели Зверев.

Најново во Други спортови