ЗА ВРЕМЕ НА ТРЕНИНГ

ТРАГЕДИЈА: По страшен пад, почина освојувач на светско сребро и бронза

Францускиот скијач Давид Поисон (35) не ги издржа повредите здобиени од падот

објавено: 14 ноември 2017 - 09:53

Францускиот скијач Давид Поисон (35) почина од повредите здобиени за време на тренинг на спуст патеката во канадскиот ски центар, Накишка, потврдија од француската скијачка федерација. 

Искусниот Поисон најголемиот успех го оствари со освојување на сребрениот медал во спуст на Светското првенство во 2013 година, а од Светското првенство во 2005 година во Санта Катерина има и бронзен медал. 

Минатата сезона Поисон победи на една од најпрестижните патеки, во Китцбил. Тоа и му беше единствена победа во трка од Светскиот куп, каде вкупно 11 пати бил на победничкиот пиедестал, меѓу најдобрите тројца.

.

Најново во Други спортови