ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА

Трагедија во Србија: Загинаа две трофејни спортистки

Бранислава Јовановиќ (48) и Милица Беслаќ (16) се двете бодибилдерки кои настрадаа

објавено: 13 ноември 2017 - 11:17

Голема трагедија во Србија. Во сообраќајна несреќа животот го загубија Бранислава Јовановиќ (48) и Милица Беслаќ (16), двете бодибилдерки. Освен тие две, почина и мајката на Милица, а возилото во кое настрадаа, го возел таткото на Милица. 

Трагедијата се случила откако автомобилот во кои биле, направил директен судар со камион. Како причина за несреќата се посочува грешка на возачот на автомобилот, кој не дал првенство на минување на камионот. Спортистите се враќале од Светското првенство во Романија. 

Искусната Јовановиќ го освоила четвртото место на СП. Таа беше повеќекратна шампионка на Србија и на Балканот. 

Младата 16-годишна Милица во 2015 година била прогласена за најдобра млада спортистка во Апатин и била најголема надеж на бодибилдингот во Србија. Две недели пред несреќата ја освои титулата државен првак. 

 

Најново во Други спортови