НАДАЛ СЕ ВРАЌА НА ВРВОТ

„ТРЕТА СРЕЌА“: Чориќ преку Федерер го освои Хале (Видео)

21-годишниот Хрват во големото финале на турнирот во Хале после два часа игра го совлада Швајцарецот со 7:6, 3:6 и 6:2.

објавено: 24 јуни 2018 - 16:15

За Борна Чориќ ова е втора АТП титула, претходно првата ја освои минатата година во Маракеш. Спаси три од четири брејк поени, освојувајќи го првиот сет во тај-брејк.

Вториот го освои Роџер Федерер кој доминираше, но не и во третиот каде што неговиот противник се надмина себеси и спречи швајцарскиот тенисер да дојде до 10. трофеј на овој турнир. Ова беше третиот меѓусебен меч помеѓу двајцата тенисери, во претходните два триумфираше Федерер.

Воедно од понеделник на врвот на АТП ранг листата ќе се врати Шпанецот Рафаел Надал.

 

Најново во Други спортови