Втор ден на 55. издание на „Мавровскиот меморијал"

Викторија Тодоровска го освои третото место на 10 км.

Македонската олимпијка оствари време 16:56.2 и се пласира зад Романката Андрека Георгина на второто, односно Бугарката Окоро Нанси на првото место

објавено: 8 март 2018 - 14:30

Македонскиот олимпиец Ставре Јада за малку не успеа да влезе во топ 3 на денешната трка на 10 километри на вториот ден од 55. издание на Мавровскиот меморијал, традиционалната трка во нордиско скијање. Јада беше втор на првиот ден на трката на 10 километри, а денеска на истата трка беше четврти со време од 25:10.07 или пет стотинки послабо време од третиот Флорин Доласку од Романија. Првите две места им припаднаа на Бугарите Мартин Пенчев (24.16.9) и Јордан Чучуганов (24:34.1).

Пенчев беше најдобар е севкупен победник на трката затоа што триумфираше и на трката во првиот ден од Мавровскиот меморијал.

Во женска конкуренција Викторија Тодоровска беше најдобра од македонските натпреварувачки. На вчерашната трка на 5 километри беше втора, а денеска на третото место. Македонската олимпијка оствари време 16:56.2 и се пласира зад Романката Андрека Георгина на второто односно Бугарката Окоро Нанси на првото место. Окоро триумфираше и на трката во првиот ден.

Веднаш по трката беше свеченото затварање на „Мавровскиот меморијал". Инаку Мавровоски меморијал е најстариот нордиски куп на Балканот и се вборјува во еден од најстарите нордиски купови во Европа и светот. Меморијалот се одржува во чест на загинатите градители на хидроцентарлата Маврово кои страдаа во страшна лавина во 1956 година. Во таа лавина загина 38 градители и 18 спасувачи од југословенската народна армија.

Од 1957 година група ентузијати со цел да не се заборави големото дело на загинатите градители и спсаувачи го организираа првиот куп кој едноставно е наречен Маврвоски меморијал.

РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРИОТ ДЕН ВО ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА

 

РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРИОТ ДЕН ВО МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА

Најново во Други спортови