Емотивно враќање на патеките

Вон се врати, но веќе најави заминување во пензија

Американката е свесна дека телото не може да го издржи товарот кој го бара Светскиот куп.

објавено: 20 јануари 2019 - 22:15

Скијачката супер-ѕвезда Линдзи Вон веќе размислува за крај на кариерата. Американката беше исклучително емотивна по враќањето на патеките викендов со учеството на слаломот во Кортина Д'Ампецо, изјавувајќи дека наскоро мора да донесе некои животни одлуки.

Пред неколку месеци, Вон навести дека ова е нејзината последна сезона. Во петокот таа се врати на патеките по повредата и го освои 15. место во спустот. Денеска не успеа да го заврши настапот во супер-велеслалом.

„Моето тело може да носи товар, но не можам да се натпреварувам на ниво кое го сакам, а знам дека можам подобро. Јас навистина не знам што да мислам. Тоа беше повеќе емотивно отколку што очекував. Знам дека крајот се приближува, но тоа не ги олеснува работите“, изјавила Вон. 

Најново во Други спортови