БОКСЕРСКИ МЕЧ СО ТРАГИЧЕН КРАЈ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Почина по нокаутот во рингот

Тим Хаг не ги издржа ударите во борбата против Адам Брејвуд и почина од крварење на мозокот

објавено: 19 јуни 2017 - 18:30

Трагично заврши боксерскиот меч за Тим Хаг во дуелот против Адам Брејвуд. Некогашниот УФЦ борец, продолжи во рингот како боксер, но пред два дена ја имаше последната борба, која значеше и крај на неговиот живот. 

Хаг успеа да издржи неколку слини удари во дуелот со Брејвуд, стануваше по неколклу нокдауна, но по еден удар на противникот, несреќниот боксер остана на подот. Безуспешни беа обидите да го освестат Хаг.

Лекарите го пренесоа во болница, каде било констатирано обилно крварење во мозокот. боксерот бил опериран, но неколку часа подоцна бил прогласен за мртов. Хаг имаше 34 години.

 

Најново во Други спортови