ПОРАДИ БАНАЛНА РАСПРАВИЈА

Вознемирувачко видео: Убиен светскиот првак во дигање товар

Русинот Андреј Драхјов почина како последица од тепањето добиено пред еден ноќен клуб

објавено: 21 август 2017 - 11:30

Светскиот првак во дигање товар, Андреј Драхјов почина синоќа, како последица ударите добиени во улична тепачка. Драхјов на смрт беше претепан од извесен Анар Алакверанов кој е ММА борец. 

До трагедијата дошло од многу банална причина. Двајцата биле во ноќен клуб и под дејство на алкохол, кога започнале расправија за тоа кој спорт е подобар и поопасен. Дали е тоа дигањето товар или ММА борбите? За да решат кој спорт е подобар, решиле да видат кој е посилен. 

Излегле пред ноќниот клуб и започнале тепачка. За жал, Драхјов, оваа банална расправија на платил со својот живот. По неколку добиени удари директно во главата, остана да лежи на земја. Иако бил пренесен во болница, било констатирано дека починал.

Линк до вознемирувачкото видео.

Најново во Други спортови