Се славеше во Скопје, иако теоретски титулата не е освоена

Апсолутна доминација - Шкендија нема конкуренција (Фотогалерија)

Шкендија нема конкуренција во мак-фудбалот сезонава, го презентира тоа и на теренот, а и денеска потврди дека е најквалитетната наша екипа во 2017/18

објавено: 18 април 2018 - 17:39

Шкендија нема конкуренција во мак-фудбалот сезонава, го презентира тоа и на теренот, а и денеска потврди дека е најквалитетната наша екипа во 2017/18.

Со победа во дербито против Вардар од 3:2, тетовци веќе можат да ја слават титулата, иако теоретски им фали еден бод во последните осум кола, за и официјално да бидат прогласени за нови шампиони на Македонија.

Вардар одигра колку што може во ситуацијата која не е розова за се уште актуелниот првак. Се обидоа да и се спротивстават на Шкендија, но претрпеа нов пораз во скопската голеада од 15 часот.