Не се откажуваат

Барсегјан знае што му прилега на Вардар (Фотогалерија)

И Тигран Барсегјан знае што му е потребно на Вардар, а шампионот не се откажува од првото место и од одбрана на титулата. Иако минусот зад разиграната Шкендија е голем, изнесува цели 8 бодови, „црвено-црните“ имаат свои адути за пролетниот дел од шампионатот

објавено: 13 декември 2017 - 15:23

И Тигран Барсегјан знае што му е потребно на Вардар, а шампионот не се откажува од првото место и од одбрана на титулата. Иако минусот зад разиграната Шкендија е голем, изнесува цели 8 бодови, „црвено-црните" имаат свои адути за пролетниот дел од шампионатот.

Сигурно ќе бидат поодморни, без европските обврски во Европа Лигата, тренерот Чедомир Јаневски ќе има можност да споведе зимски подготовки по свој терк, најавен е и ремонт на екипата, можно е да има засилувања од Белгија, па за најтрофејниот наш фудбалски клуб мисијата да се одбрани домашната круна не е невозможна.