По пласманот на Пелистер во финалето

Битола чека куп титула (ФОТО)

По вчерашниот пласман на Пелистер во финалето од Купот на Македонија, надежите на Битолчани се подгрејаа дека нивниот најголем миленик конечно, ќе освои освои титула со што на одличен начин ќе ја заокружи сезоната. На мечот против Брегалница, и покрај лошото време, „чкембарите" повторно дојдоа да го бодрат својот тим кој во реваншот победи со 1:0.
Во борбата за трофејот, Пелистер ќе игра против тетовска Шкендија, која воедно е и актуелен освојувач во најмасовното натпреварување во Македонија.

објавено: 20 април 2017 - 18:17