Ќе најдеме ли чаре за сензација

Да се исправиме пред гигантот Италија (Фотогалерија)

Да се исправиме пред гигантот Италија, како што тоа го сторивме во Скопје, но сега во Торино македонската фудбалска експедиција посакува со малку поразличен исход од скопските 2:3

објавено: 5 октомври 2017 - 11:00

Од Торино, Зоран Поповски

Да се исправиме пред гигантот Италија, како што тоа го сторивме во Скопје, но сега во Торино македонската фудбалска експедиција посакува со малку поразличен исход од скопските 2:3. Одигравме машки, храбро, одлично на 9. октомври, но на крајот фудбалскиот великан со голот на Чиро Имобиле во 90. минута не нокаутира, во меч што беше еден од највозбудливите во историјата на македонската фудбалска репрезентација. Последниот тренинг во Торино е одработен и утре ќе треба да покажеме дека имаме капацитет да играме рамноправно во континуитет, по победата над Израел и ремито со Албанија.