Пријателски меч на идните ѕвезди од Македонија и Ерменија

Децата и се радуваат на „бубамарата“ (Фотогалерија)

Идните фудбалски ѕвезди на Македонија и Ерменија играат пријателски меч на игралиштето на Фудбалската федерација на Македонија, а голобрадите момчиња на возраст до 16 години ја покажаа убавината на најважната споредна работа на светот

објавено: 11 март 2017 - 15:32

Идните фудбалски ѕвезди на Македонија и Ерменија играат пријателски меч на игралиштето на Фудбалската федерација на Македонија, а голобрадите момчиња на возраст до 16 години ја покажаа убавината на најважната споредна работа на светот. На нивна возраст, ниту резултатот не е толку важен, а вредат само насмевките на децата и нивната љубов кон „бубамарата“.

И значајно е да се развиваат како фудбалери во вистински правец, што е и интенција на двете федерации.